
Иако е видно потресен поради тешката повреда која пред неколку дена ја заработи капитенот на Милан, Рикардо Монтоливо и поради која ќе паузира во следните шест месеци, селекторот на Италија, Џезаре Прандели собра храброст за да објави конечниот список со 23-фудбалери кои ќе настапат на престојниот Мундијал во Бразил.
Најважниот спортски настан во 2014 година остана само сон за напаѓачите на Рома и Фиорентина, Матиа Дестро и Џузепе Роси, а шанса да го замени тешко повредениот Монтоливо, доби стандардниот првотимец во дресот на Парма, Марко Пароло.
Големиот фаворит за светската круна ќе се натпреварува во групата „Д”, каде за противник ги има репрезентациите на Англија, Уругвај и Костарика.
СОСТАВ:
ГОЛМАНИ: Буфон (Јувентус), Перин (Џенова), Сиригу (ПСЖ).
ОДБРАНА: Абате (Милан), Барѕаљи (Јувентус), Бонучи (Јувентус), Киелини (Јувентус), Дармиан (Торино), Де Шиљо (Милан), Палета (Парма).
СРЕДЕН РЕД: Аквилани (Фиорентина), Кандрева (Лацио), Де Роси (Рома), Маркизио (Јувентус), Пароло (Парма), Мота (ПСЖ), Верати (ПСЖ).
НАПАД: Балотели (Милан), Касано (Парма), Черчи (Торино), Имобиле (Торино), Инсиње (Наполи).