Дрејк е музичарот чија музика најмногу се слушаше оваа деценија, но неговата песна не е најслушана.
Апликацијата за стримање музика, Spotify, објави листа на најдобрите песни, албуми и изведувачи во последните 10 години, а откриле дека Дрејк бил музичарот чија музика најмногу се слушала.
Раперот собрал повеќе од 28 милијарди стримови, а неговата најпопуларна песна „One Dance“ била пуштена 1,7 милијарда пати. На второ место е Ед Ширан, а следни се Пост Малон, Аријана Гранде и Еминем.
Најслушана песна на деценијата е „Shape Of You“ на Ед Ширан, која е пуштена 2,4 милијарди пати.
Најслушана песна во 2019 година е „Senorita“ на Шон Мендез и КамилаКабело. Песната е објавена во јуни, а оттогаш е преслушана милијарда пати.