За настраданите од поплавите во Србија уплатени 21,4 милиони евра

На сметка на Владата на Србија за помош на настраданите од поплавите, уплатени се 21,4 милиони евра, објави Министерството за финансии на Србија.

Според офоцијалните пподатоци, до 30 мај во 18 часот, на динарската сметка за помош е уплатено 11 милиони евра (1.277.641.594 динари).

На девизната сметка уплатено е 2.010.357  евра, 10.543.033 долари, 24.343 швајцарски франци, 876 британски фунти, 6.003.000 руски рубљи, 1.550 норвешки круни, 10.700 дански круни,  5.900 шведски круни, 1.686 канадски долари и  1.000 австралиски  долари.

Преку сметката Пајпал (PayPal) уплатени се 538.142 евра за помош на поплавените подрачја во Србија.