
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во гостувањето во вестите на Канал 5 телевизија истакна дека опозицијата е подготвена за техничката Влада.
Сепак тој изрази сомнеж дека власта е спремна да излезе на предвремени избори.
Мисајловски потенцираше дека со техничката Влада, ВМРО-ДПМНЕ ќе покаже нови кадри кој ќе помогнат во обновата на Македонија.
-Ние сме постојано во консултации, се подготвуваме за оваа техничка Влада. Набрзо ќе излезат и имињата. Најважно од се е да се случи оваа работа, односно да се дозволи техничката влада бидејќи како што гледаме СДСМ веќе на големо почнува да бега од избори и се надеваме дека на 3-ти јануари Заев ќе си замине од премиерската функција и нови луѓе ќе дојдат на тие места. ВМРО-ДПМНЕ ќе покаже дека има нови, свежи луѓе кои ќе дадат максимум за Обнова на Македонија, порача Мисајловски.