
Данската полиција соопшти во средата а дека уапсила дваесетина лица во рација на неколку локации низ целата земја под сомнение дека подготвувале заговор за извршување терористички напад.
Уапсените се обиделе да набават експлозивни направи и огнено оружје. Апсењата се извршени врз основа на информации од данска разузнавачка служба.
Уапсените ќе бидат сослушани утре под обвинение дека планирале терористички напад. Полицијата изврши рација на околу 20 локации во Данска. Не е соопштено што била цел на осомничените екстремисти или кога требало да се случи нападот.
Рациите и апсењата биле изведени по сомненијата дека неколку лица планирале напад, соопшти на заедничката прес-конференција со полицијата, претставник на данската разузнавачка служба.
„Нашата процена е дека тие луѓе се водени од милинтанти, со исламистички мотиви“, рече началникот за операц ии на разузнавачката служба, Флеминг Дрејер.
Полицијата не дава прецизен број на изведените апсења. Некои од упсените веројатно ќе бидат прелиминарно сослушани во четврток, под обвинение за тероризам, според полицискиот началник Јорген Берген Сков.
„Важно е да се истакне дека ги уапсивме сите оние по кои трагавме. Сега имаме контрола над ситуацијата“, рече Сков.
Во Данска вооружен напад се нема случено од 2015 година, кога две лица загинаа, а шест полицајци беа ранети. Тогаш едн лице уби човек пред културен центар во кој се водеше дебата за слобода на говорот, а подоцна уште едно пред синагогата во централниот дел на Копенхаген. Напаѓачот беше убиен во престрелка со полицијата.
Годинава данската влада воведен привремени гранични контроли на границата со Шведска по бомбашките нападо врз данската управа за даноци во Копенхагеб, за што беа уапсени тројца Швеѓани.