
Репортерот на СиЕнЕн Иван Ватсон е приведен додека се јавувал во живо на програмата од Истанбул. Нему му пришле мажи во цивилна облека и побарале да се идентификува со пасош.
Тој им ја покажал својата прес дозвола за работа во Турција, меѓутоа не му била признаена.
За неколку секунди пристигнале уште неколку лица, за кои на крајот се воспоставило дека се полицајци. Тие го обиколиле Ватсон и неговата ТВ екипа и ги одвеле од местото од каде што известувале.
“Мислам дека не приведуваат”, биле последните зборови што успеал да ги каже за време на јавувањето.
Подоцна на Твитер објавил дека полицијата ги држеле него и неговата екипа во полициска станица околу половина час, и дека после се добил извинување од полицаецот, кој што со нога го удрил по телото.