Дали ќелавите мажи се попривлечни?

Со години ќелавоста придонесуваше за ниско ниво на самодоверба, вознемиреност и депресија кај мажите како и трошење тон пари во надеж дека ќе го променат или забават процесот или ќе ги сокријат ефектите од опаѓањето на косата. Но, погодете што? Тоа веќе не е така, вели Д-р Френк Музаркала од Универзитетот Бери на Флорида.

Тој направил истражување на група мажи поделени во 4 категории според физичка привлечност, агресивност, смиреност и социјалната зрелост, оценуваќи се од искреност до интелигенција и социјалниот статус. Тестот го правеле мажи поделени во 2 групи од кои едната група анализирала фотографии на мажи со коса, а другата исти фотографии на истите мажи на кои косата им била тргната дигитално.

Резултатите покажале дека, генерално, повеќето луѓе од групите ги сметале ќелавите мажи како поискрени, интелигентни и посилни. И со оглед на тоа што некои од најбараните мажи во Холивуд се ќелави ( како Џејсон Стетам, Брус Вилис и Двејн Џонсон ), не е ни чудо зошто студијата исто така покажала дека ќелавите мажи се посекси и помажествени.