Вчеравечер се вратија скопските пожарникари кои 13 дена им помагаа на своите колеги кои се справуваа со последиците од катастрофалните поплави во БиХ.
Тие работеле деноноќно, прво помагале во извлекувањето на луѓето од поплавените подрачја, а последните денови во санацијата на последиците.
Веднаш по прстигнувањето, ги пречекаа командирот Благоја Менковски и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.