
Шестотини делегати го поддржаа Весел Мемеди на Вториот конгрес на Националната демократска преродба, со што тој повторно е избран е за претседател на партијата.
На вториот Конгрес на НДП, во својство на поканети гости, учествуваа високи претставници од албански партии од Македонија, Албанија и Косово, претставници бизнис секторот и медиумите.
Конгресот го поздравија претставници од политичките партии од Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, како и преставници на амбасадите и други релевантни меѓународни организации.
Делегатите на вториот Конгрес на НДП, избраа 90 членото Централно собрание, кое што во наредниот состанок ќе го избере и Централното претседателство, генералниот секретар како и блиското претседателство. Делегатите, исто така, едногласно го усвоија и Статутот и Порграмата на партијата.