Најмалку десет загинати во пожар во фабрика во Бангладеш

Најмалку десет лица ги загубиле животите во пожар во фабрика за вентилатори во централниот дека на Бангладеш, пренесува во неделата весникот Dhakka Tribune.

Од противпожарната служба за весникот рекле дека пожарот избувнал во трикатна зграда на фрабриката „ Luxury Fan“ во округот Газупур, во близина н аглавниот град Дака. Пожарот започнал во 17,30 часот по локално време, 12,30 по македонско, а биле потребни повеќе од два часа за пожарникарите да го стават под контрола.

Локалните власти прецизираат дека во моментот на пожарот во фабриката имало меѓу 70 и 80 работвници, а19 од нив биле во засебна просторија на покривот од зградата.

„Од нива десет загинале на самото место, а девет преживеале. Двајца од нив се повредени“, изјавил за весникот претставникот на локалните власти, Абдула Ал Заки.

Од своја страна, преживеаните во несреќата изјавиле дека пожарот избувнал кога се запалиле материјали за полирање, наменети за производството.