
САД ги користат турските воени бази, вклучувајќи ја и воздухопловната база Инџирлик, само со дозвола на Анкара, ја коментираше Пентагон во понеделникот изјавата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за можноста за затворање на базите Иннџирлик и Куреџик доколку Вашингтон воведе санкции кон Турција поради руските ракетни системи „С-400“.
„Присуството на американски сили во турските бази, вклучително и базата Инџирлик, се спроведува со дозвола на турската влада. Ние го гледаме статусот на нашите сили во Турција како симбол на нашата долгогодишна посветеност да соработуваме и да го заштитиме нашиот сојузник и стратешки партнер на НАТО“, се наведува во изјавата на Пентагон.
Американското министерство за одбрана истакнува дека Турција придонесува за (мисиите) на НАТО во Авганистан, Косово, Ирак и е „важна“ за целите на националната стратегија за одбрана на САД.
„Пентагон се обидува да го задржи тој однос, и ја повика Турција да води поконструктивна политика за С-400 и другите области на несогласување“, се додава Пентагон.