ДНК на древна Скандинавка извлечена од „мастика“ стара 5.700 години

Анализата на „гума за џвакање“ датирана пред 5.700 години го открива не само потеклото на древната Скандинавка која ја џвакала, туку и бојата на нејзините очи, бактериите во усната празнина и што јадела, се вели во студината објавена во списанието Nature.

Станува збор за првпат герном на древен човек да е добиен од нешто што не се коски или заб, вели Хенес Шредер од универзитетот во Копенхаген, коавтор на истражувањето чии резултати беа објавни во вторникот.

Овој драгоцен извор на древна ДНК, особено од периодите од кои се ретки човечки останки, е само црна смеса добиена од загреана кора на бреза која била многу добро сочувана. Во праисторијата често се џвакало, на што укажуваат отисоците од заби во корите на брези.

Своевиданта паста која ја проучувале научниците од копенхашкиот универзитет е откриена во текот на археолошките ископувања кои ги изведувал музекот „Лоланд Фалстер“ во Ситхолм, на југот од Данска.

Со проучувањето на смолата од брезата, научниците утврдилие дека ја џвакале жена, веројатно со сини очи и темна коса. Според нивното истражување, била генерски поблиска до ловците-собираче во континентална Европа, отколку на гупите во централна Скандинавија и како нив имала констенлива коса и била синоока.

Станува збор веројатно за потомок на доселениците од западна Европа, коишто во Скандинавија се доселиле по повлекувањето на глечерите, велат научниците.