
Неколку илјади луѓе кои се заземаат за независноста на шпанската покраина Каталонија учествуваат во средата на протестите во близина на стадионот „Камп Ноу“ на кој вечерва ќе се игра еден од најпознатите планетарни дерби дуели меѓу Барселона и мадридски Реал.
Претходно радикалното сепаратистичко движење „Демократско цунами“, кое се залага за независност на Каталонија, објави дека ќе одржи масовни протести.
„Дојдовме тука да бараме политички дијалог во врска со ситуацијата во Каталонија“, изјавил за медиумите Алберт Родригез, кој учествува на протестот.
Многумина од демонстрантите носат напис на англиски јазик „Шпанија, седни и преговарај“. Сепаратистите одлучиле да го искористат дуелот меѓу двата најтрофејни шпански и светски клуба, кој директно ќе биде пренесува во стотици земји во светот, за да го свртат вниманието на „каталонскиот проблем“.
Повеќе од три илјади припадници на разни служби за спроведување на редот во Шпанија се распоредени за осигурување на безбедноста во близна на стадионот.
Натпреварот меѓу Барселона и Реал требаше да се одугра на 26-ти октомври, но беше одложен поради масовните протести и немирите во каталонската престолнина со кои се бараше ослободување на осудените на долги затворски казни регионалните функционери и активисти поради организирање на забранетиот од центаалните власти референдум за независност од 1-ви октомври 2017 година.
Најновото издаени на „Ел Класико“ започнува во 20 часот по локално време.