
Телевизискиот канал RT објави нови водео од вооружениот напад во зградата на руското внатрешно разузнавање Федералната служба за безбедност (ФСБ) во центарот на Москва.
На снимката направена од објект од спротивната страна од местото на нападот, се гледа како човек во темна облека трча по должината на зградата на Централниот архив на ФСБ, по што скршнива зад аголот. Истовремено на видео снимката се слушаат звуци од истрели.
Како што претходно беше објавено од ФСБ, во четвртокот вечерта непознато лица отворило оган кон зградата на службата во центарот на Москва. Напаѓачот дејствувал сам, бил неутрализиран, додека еден службеник на специјалната служба бил убиен.
Вкупно се повредени пет лица, меѓу кои и еден цивил а четворица се службеници на ФСБ, на коишто им е укажана лекарска помош.
Според руските медиуми, напаѓачот е идентификуван како 39-годишник жител на Московската област, Евхениј Мануров. Но официјална потврда за оваа информација сѐ уште нема.