Две момчиња во Лисиче приведени за поседување марихуана

Две момчиња се приведени во четвртокот во скопската населба Лисиле, откако при полициски преглед кај нив полициски службеници откриле марихуана, соопшти министерството за внатрешни работи.

Синоќа полициски службеници од СВР Скопје на улицата „Тодор Чангов“  ги лишиле од слобода Ф.Б. и Ф.Р. , и двајцата од Скопје и на 21-годишна возраст, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.