Младинската организација на Обединети за Македонија апелира на почитување на правото на слободно изразување.
Без да навлегуваме во заднината и организаторите на протестите на средношколците, даваме до знаење дека секој мирен протест и револт е уставно и демократско право на секоја индивидуа или група за да го дигне гласот за она што таа мисли дека е исправно.
Според член 13 од детските права, секое дете има право на тоа да го изрази слободно неговото мислење и да добива и шири информации преку медиумите. Секое дете има исто така и должност да го изрази неговото мислење така што ќе ги почитува правата на другите луѓе.
Парадоксно е во образовниот систем да не учат дека треба да се бориме за нашите права, мисли и идеи, а од друга страна младите да добиваат
закани затоа што сакаат да си го изразат своето мислење. Комунизмот и Југословенскиот режим падна одамна, време е да тргнеме по европските
чекори. Да не заборавиме дека ние младите први ги почнавме промените во оваа држава.
Утре оваа прекрасна татковина ќе остане на нас и ние треба да сме тие што ќе ја движиме напред.