Mалолетници нападнале и ограбиле маж во Скопје

Скопјанец бил нападнат од неколку малолетници информира МВР.

„Вчера во 20:20 часот во СВР Скопје, С.С. пријавил дека во околу 19:40 часот на улица „Никола Карев“, во близина на крстосницата со булевар „Кузман Јосифовски Питу“, бил физички нападнат од неколку малолетници кои му го одзеле паричникот. Полицијата мерки за расчистување на случајот“, соопштува полицијата.