Во Општата болница во Велес наместо прво рангираниот лекар се прима последниот!

Во Општата болница во Велес наместо да се примат кандидатите кои имаат најмногу бодови, се примија пет доктори кои имаат помалку бодови, а меѓу нив и последно рангираниот.

 

-Наместо првите пет лица од десет кои конкурираа на огласот за лекари од општа пракса објавен од Општата болница во Велес се примија четвртиот, петиот, седмиот, осмиот, како и полседно рангираниот десеттиот. И ова не е прв случај, туку еден од многуте, вели нашиот извор.

Истиот прашува зошто тогаш конкусри и рангирања на пријавените кандидати.

-Кога веќе не се примаат оние кои се најдобро рангирани, односно примаат последните кои се на ранг листа логично е да се постави прашањето зошто рангирања, укажува нашиот извор.

Ова како што велат упатените е случај во сите јавни здравтсвени установи, и тоа како за општи лекари, така и за специјалисти, но и за средно медицинскиот кадар како медицински сестри, лаборанти и слично.