Најмалку 18 мртви во безредија во затвор во Хондурас

Најмалку 18 затвореници се убиени а уште 16 други се повредени во тепачка меѓу ривалски банди во затвор во Хиодурса, соопштија тамошните власти.

Насилството во затворот во северниот пристанишен град Тели избувнал во петокот, два дена откако владата прогласи вонредна состојба во затворскиот систем во Ходурас и ја пренесе контролата на безбедносните сили. Со оваа мерка суспендирана е цивилната управа на затворите и заменета е со воена и полициска управа во обидот да се спречи бранот насилства во пренатрупаните затвори.

Меѓутоа, висок воен функционер кој сакал да остане анонимен, изјавил за Reuters дека безбедносните сили официјално не ја преземале контролата врз затворот во Тели пред избувнувањето на насилството.

Портпаролот на безбедносната служба FUSINA, Антониот Коељо, изјавил за локалната телевизија дека како резултат на пресметката 18 затвореници смртно настрадале, а 16 се повредени. Бебзедносните сили брзо дошле во затворот за да воспостават ред и отвориле истрага, додал.

Судирите во преполните затвори во Хондурас се чести, бидејќи припадниците на уличните банди се борат за контрола и внатре во овие институции. Поради уиличните банди, Ходурас се смета за една од земјите со највисока стапка на насилство во светот.