
Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска по четврти пат на конгрес избира лидер на партијата.
На конгресот ќе се избере и ново тело Конгрес на постојаноста составен од 1/3 од делегатите кои што ќе бидат постојани делегати, а ќе се бираат и Изборна комисија и Национален совет во кои ќе учествуваат и еминентни личности од јавниот живот од земјата и странство.
Покрај другото, на дневен ред се измени на Статутот на партијата во чии рамки треба да влезат сите нови органи, како и Секретар за еднакви можности.
Ќе се донесе и Декларација за вредностите.
Конгресот ќе се оддржи во Спортско – рекреативниот центар „Кале” во Скопје.
Претходно, ДУИ избра целосно нов состав на младината и женскиот форум, скоро 100 отсто нови претседатели на ограноци и над 90 проценти нови претседатели на подограноците.