Во Сирија денеска започнаа претседателските избори на кои се очекува да победи сегашниот претседател Башар ел Асад. Изборите се случуваат во екот на граѓанската војна во која има загинато повеќе од 160 илјади луѓе само во подрачјата кои се под контрола на сириската влада, што е околу 40 отсто од територијата.
Избирачките места се отворени во 7 часот по локално време. Асад се кандидира за трет седумгодишен мандат и покрај тоа што има бунтови против неговата власт. Противкандидат му е комунистичкиот пратеник Махир Хаџар кој учествувал во мировни проекти на почетокот на конфликтот во март 2011 година.
Право на глас имаат 15,8 милиони сиријци. Повеќе од 10 илјади гласаа минатата недела од странство. Гласачите своето право на глас ќе можат да го дадат на едно од 9.000 избирачки места.