САД со мерки против земји и лица кои прогонуваат на верска основа

© REUTERS/Eric Thayer

Заштита на вероисповеста е еден од приоритетите на надворешната политика на администрацијата во Вашингтон. САД продолжуваат со работа за заштита на верските слободи и со борба со оние кои ги погазуваат, изјави синоќа американкиот државен секретар Мајк Помпео.

Во извештај за нарушителите на верските слободи објавен неделава, САД годинава на црниот список ги ставија следниве земји: Мјанмар, Кина, Еритреја, Иран, Северна Кореја, Пакистан, Саудиска Арабија, Таџикистан и Туркменистан. Овие земји и понатаму предизвикуваат загриженост и затоа се ставени во Законот за меѓународна верска слобода.

Има и земји, Узбекистан, Коморски Острови, Куба, Никарагва, Нигерија, Судан и Русија, кои се ставени на контролен список, каде властите правеле и се уште прават сериозни нарушувања на верските слободи.

Во списокот на сериозни нарушители ставени се и терористичките организации Ал-Нусра, Ал-Каеда на Арапскиот полуостров и насекаде, Аль-Шабаб, Боко Харам, хусититие од Исламската држава, ИД-Хорасан и Талибан.

Во рамките на Законот Магнитски, САД воведија мерки против четири високи воени лица од Мјанмар одговорни за погазување на правата на малцинството Рохинда и други религиозни и етнички малцинства во таа земја.

Визни ограничувања беа воведени и против владини претставници на Кина и Кинеската комунистичка партија, одговорни за апсење и нарушување на човековите права на Ујгури, Казаци и другите муслимански народи кои живеат во западниот дел на Кина.

-Ниту една земја, организација или лице, прогонители на верниците, нема да избегаат од одговорност. Ние делуваме, и продолжуваме да го правиме тоа, изјаво Помпео синоќа.