Иако се работеше во текот на целиот вчерашен ден на расчистување на остатоците од изгорената куќа во комплексот Варналиите во Велес, сеуште не е пронајдено телото на осумдесетгодишниот сопственик на куќат, Миле Паунов. Првите претпоставки биле дека затоа што тој користел само една соба на вториот кат од семејната куќа, треба да се пребарува тој дел од купиштата со гараж. Соседите предочија дека Паунов последен пат го виделе во петокот околу 19 часот во расправија што на повисок тон ја водел пред куќата.
– Се работеше додека не падна мракот но за жал на местото каде се вршеше пребарување а тоа е најладниот дел од куќата не е пронајдено телото на сопственикот на изгорената куќа. На локацијата имало големи количини на гараж. По наредба на Основен јавен обвинител увидот во кој учествува и екипата на СВР Велес е запрен. Ќе продолжи увидот во недела , претпладне,- вчера рече портпаролката на МВР Сузања Трањиќ.
Инаку, куќата на Паунови е изградена во 1868 година и најавтентично ја прикажуваат познатата велешка староградска архитектура. Освен што претходната држава, во 1964 година, куќата на Паунови заедно со куќите на Прнарови и Тренчови ги прогласила за културно наследство, ни таа ниту сегашната им помага на сопствениците да ги одржуваат.
извор: дума.мк