Германската полиција објави во понеделникот дека на бензинска пумпа во сојузната покраина Баварија ослободила 11 мигранти од камион ладилник во кој влегле во Србија.
Станува збор за Авганистанци на возраст од 14 до 31 година, кои во камионот ладилник влегле во Србија, а камиот тргнал на пат од Турција натоварен со овошје, соопшти покраинската баварска полиција. Додаде дека Авганистанците се наоѓаат во полицијата.
Возачот на камионите запрел во близина на Пасуа, во близина на австриската граница, откако слушнач звуци од удирање во возилото. Полицијата ја отворила приколката ладилник и верува дека возачот не знаел дека во неа се наоѓаат мигранти.
Конечната дестинација на камионот требало да биде Белгија, а се верува дека животите на мигрантите би биле опасно загрозени на толку долг пат.