Два силни земјотреса го погодиja западниот брег на Канада

Два силни потреса со магнитуди од околу 6 според Рихтер се регистрини во интервал од половина час во близина на западниот брег на Канада, според податоците на американскиот геолошки институт USGS.

Земјотресот со магнитуда 6 е регистриран во 19,49 часот според Координираното универзално време (UTC), односно 20,49 часот по македонско време.

Епицентарот на потресот се наоѓал во Тихиот Океан, на 175 километри западно од канадски Порт Харди, или околу 500 километри од најголемиот западен град Ванкувер. Хипоџентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

Само половина час претходно е регистриран потрес со магнитуда 5,7 со исти епицентар и на иста длабочина.

Засега нема информации за евентуални материјални штети и настрадани.