Поранешниот претстедател на ДИК, започнува да работи како судија во Управниот суд.

Поранешниот претседател на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Чичаковски, кој конкурираше за судија во Управниот суд а сегашната опозиција своевремено го критикуваше како близок на сега владејачката СДСМ, започнува да работи како судија, по правосилното завршување на постапката.

Чичаковски беше избран од страна на Судскиот совет за судија во Управниот суд во конкуренција на 31 кандидати за две  судиски места.

Покрај него, беше избрана и Елеонора Ајро, сопруга на специјалниот обвинител Артан Ајро.

Чичаковски заедно со членовите на ДИК поднесоа оставка по парламентарните избори во 2016 година, откако беше обелоденета аферата со делење бонуси, покрај високите плати. Имено Чичаковски беше на чело на ДИК кога поранешниот американскиамбасадор Џес Бејли ја откри аферата со бонусите за парламентарните избори во 2016-та, кога си поделиле дополнителни четири плати.I

Чичаковски е познат во јавноста како поранешен претседател на ДИК во составот кој беше договорен по Пржинските преговори меѓу тогашната власта и опозиција.

Своевремено ВМРО-ДПМНЕ го критикуваше Александар Чичаковски дека како претседател на ДИК обработувал за СДСМ, а бил и нивни активист. Опозициската партија обвинуваше дека Чичаковски бил редовен на протестите организирани од СДСМ и можел да се забележи во првите редови, за што приложуваа и фотографии.