Јапонија го погуби првиот странец по десетина години

Во Јапонија во четвртокот е погубен 40-годишен Кинез, осуден за убиство на четиричлено семејство, а станува збор за првото погубување на странец откако започна откривањето на деталите за смртната казна во 2007 година, објави министерство за правда.

Веи Веи ги извршил убиствата во 2003 годија со двајца соучесници, исто така Кинези. Другите двајца побегнале во Кина, каде што се уапсени. Еден е погубен во Кина во 2005 година, а вториот добил доживотна затворска казна.

Јапонија е една од само двете држави од групата најразвиени земји на свеото Г7 кои ја задржаа смртната казна, покрај САД, и големо мнозинство од тамошната јавност ја поддржува.

Смртната казна во Јапонија се изведува со бесење. На осудениците не им се кажува денот на егзекутирањето, до утрото на денот кога казната ќе биде извршена.

Во моментов во Јапонија смртната казна ја чекаат околу 120 затвореници. Минатата година 15 луѓе се егзекутирани, што е најголемата бројка оваа деценија, вклучително и 13 поранешни членови на култот на судениот ден Аум Шинрикио, кои се осудени поради изведување на нападот со сарин во токиската подземна железница.

Погубениот Кинез во четвртокот е 39-от откако премиерот Шинзо Абе се враи на власт во 2012 година, според министерството за правда. Пред 2007 година не беше објавуван идентитетот затвореник.