Срба Јосијевиќ од Јагодина, попознат како Срба Четник, поставил билборд во центарот на градот со лик на рускиот претседател Владимир Путин над продавницата која што е во негова сопственост. Билбордот во центарот на градот стана нова атракција, и локација за групни семејни фотографии.
„Дојдов на идеја бидејќи сакав да искажам почитување на највисокиот светски државник Путин. Тој им покажа на сите како се сака својот народ и како се сака државата. Би требало сите политичари и државници да се огледаат на него. Русија многу направи за нас. Немав намера да предизвикам емоција кај народот но луѓето масовно доаѓаат и се фотографираат па заклучувам дека нашата љубов кон Русија е голема“ вели Јосијевиќ.
Тој додава дека неговите сограѓани сега бараат да го постави и Путин во природна големина за да се фотографираат со него.
„Ќе видам што можам да направам. А планот ми е на друг билборд да поставам уште еден голем државник но, засега нема да откривам за кого се работи“, вели Јосијевиќ.