
Неколку стотици припадници на полицијата – полицајци, припадници на Интервентната полиција и специјалната единица со кучиња не се откажуваат од потрагата по малото девојче од Ниш, 12-годишната Моника Каримановиќ која е киднапирана од таканаречениот малчински бербер, осудуван силувач, 49-годишниот Нинослав Јовановиќ од селото Малча кај Ниш, на 20 овој месец.
Специјалната единица на полицијата со кучиња трагачи и дронови го пребарува селото Глоговац. Таа нашла уште една сомнителна куќа при потрагата по девојчето.
Претседателот Вучиќ рекол дека цела ноќ бил во контакт со директорот на полицијата Владимир Ребиќ и министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ поради киднапирањето на девојчето.
Мајката на девојчето апелираше до сите граѓани да помогнат во потрагата, но да нема лажни дојави.