Старо-новиот шампион на Германија, тимот на Баерн (М) и понатаму важи за прв фаворит кога е во прашање потписот на аргентинскиот интернационалец од редовите на португалскиот гигант Бенфика, Езекел Гарај.
Од продажбата на 27-годишниот дефанзивец, раководните лица на новиот шампион на Португалија очекуваат заработувачка од најмалку 20 мил. евра.
Централниот дефанзивец веќе подолг временски период важи за голема желба на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед и на каталонскиот гигант Барселона, чии челници се убедени дека Гарај може да биде наследник на легендарниот капитен Карлес Пујол кој на крајот од изминатата сезона стави крај на професионалната кариера.