Припадници на црногорската полиција го претепале епископот Диоклиски Методиј за време на неговото апсење во петокот на протетстите против усвоениот ткн ткн „Закон за слобода на вероисповедта“, соопшти службата за односи со јавноста на Црногориско-приморската митрополија на Српската православна црква (СПЦ).
Според соопштението, инцидентот се случил во текот на приведувањата на демонстрантите кои го блокирале важниот Ѓурѓевачки мост преки реката Тара на истокот од земјата,
„Полицијата брутално го претепа владиката Методиј. Владиката и другите верници беа соборени на земја и тепани со нозе и пендреци. Двајца верници кои се обидоа да го заштитат епископот се повредени, едниот има скршен колк, а другиот клучна коска“, се истканува во соопштението.
Од црногорското министерство за внатрешни работи сѐ уште не ги коментираа овие наводи.
Ноќта кон петокот во црногорскиот парламент по апсењето на неколку опозициски пратеници со мнозинство гласови беше донеден законот „За слобода на вероисповедта и убедувањата и правниот статус на верските заедниц“, додека се одржуваа масовни протести низ целата земја. За поддршка на законот, кој според Српската православна црква се носи само за да ѝ се одземат нејзините манастири, цркви и имот во Црна Гора, глааа 45 претеници од 45-те присутни на крајот од жестоката расправа. Немаше гласови „против“ и воздржани, бидејќи се гласаше отко полицијата ги приведе сите опозициски пратеници. Во петокот во притвор беа задржани тројца пратеници на Демократски фронт, додека другите се ослободени.
Откако во четвртокот во текот на парламентарната расправа почнаа протестните собири, по усвојување на контроверзниот закон започнаа поголеми собири во повеќе градови. Според челникот на опозицискиот Демократски фронт, Андрија Мандиќ, демонстрантите блокирале повеќе црногорски градови. Медиумите јавуваат за протести во Беране, Бијело Поље, Плевља, Подгорица, Бар, Будва, Котор, Никшич. Приведени се повеќе од 55 лица, вклучително и опозициски пратеници.
Претходно црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ ја обвини СПЦ за обид да го задржи верскиот монопол во земјата и изјави дека ќе побара автокефалност за црногорската црква по примерот на Украина. Како дел од создавањето на новата црква, црногорската влада со носењето на споменатиот закон всушност, како што толкува СПЦ, предвидува заплена на нејзиниот црковен имот. Станува збор за повеќе од 650 светилишта и недвижнини, 66 главно средновековни манастири, десетици цркви меѓу кои и светски познатиот манастир Острог.
Во четвртокот вечерта лидерот на опозицискиот Демократски фронт, Андрија Мандиќ, ги предупреди пратеницвите на владејачката коалиција дека може да дојде до крвопролевање во земјата и ги повика своите воени соборци да бидат подготвени.
„Јас учествував во војните во 1991 и 1999-та, не бев кукавица, како што не мислеа ниту дека сте вие. Доколку не се повлече законот, тоа ќе биде катастрофа за Црна Гора. Ги повикувам моите воени другари од ’91-та и ’99-та да бидат подготвени. Можете да сметате на она најлошото“, рече Мандиќ обраќајќи му се во парламентот на црногорскиот премиер Душко Марковиќ.