Зголемен буџетот на Грција за периодот јануари – ноември 2019

Вкупните приходи на државниот буџет на Грција за периодот јануари – ноември 2019, изнесуваат 52.700 милиони евра, зголемени за 346 милиони евра или за 0,7 отсто во однос на предвидената цел, според податоците од Министерството за финансии на Грција за извршувањето на буџетот за 11 месеци од годинава.
Пораст за 380 милиони евра, односно 0,8 отсто има и во нето приходот на буџетот изнесува што изнесува 48 429 милиони евра.
Зголемување има и во примарниот суфицит, што достигнува 6 945 милиони евра, наспроти целта од 4.715 милиони евра и наспроти 4 .754 милиони евра за истиот период во 2018 година.