Германија го отфрлила украинското барање за воена помош

Берлин го отфрлил барањето на Киев за воена помош, изјавил во петокот украинскиот министер за надворешни работи Вадим Пристајко во интервјуто за порталот RedaktionsNetzwerk Deutschland (RND).

„Благодарни сме за финансиската помош од Германија и политичката поддршка на владата. Меѓутоа, за жал, нашето барање за воена помош беше одбиено“, рекол шефот на украинската дипломатија, без да прецизира кога Киев му се обратил на Берлин со вакво барање.

Пристајко, сепак, изразува надежи дека Германиј наскоро ќе ја преиспита својата позиција.

Додава, исто така, дека неговата земја во моментов се соочува со прашањето за „опстанок како држава“. Пристајко додава дека Берлин и Европската унија сториле многу за Украина, но оти тоа сѐ уште не е доволно.

Уште пред избувнувањето на конфликот во југоисточните региони на земјата во прлетта 2014 година, украинската армија се соочуваше со постојани тешкотии за обновувањето на своето вооружување. Старото излегуваше од функционалноста, а немаше доволно средства за тоа да се замени со посовремено. Западните земји ја помагаат Украина доделувајќи ѝ оружје коешто го расходуваат.

Така ланскиот септември САД донираат два брода од типот „Island“, изградени во 1988 година. Во ноември истата година Пентагон му понуди на Киев расходувани фрегати. Покрај тоа, Украина разговараше и за набавка на три застарени дански патролни чамци од серијата „ Flyvefisken“.

Во текот на минатата година САД на Украина ѝ дадоа 35 протевтенковски ракетни комплекси „ FGM-148 Javelin“ и 210 ракети за нив, забранувајќи го нивното користење на линијата на судирот во источните региони во Донбас. Подоцна беше објавено дека работниот век на моторите на овие ракети истекол многу пред нивното предавање на Украина.