Полицаец смртно настрада од удар на возило, додека обезбедувал место на сообраќајна несреќа

Еден полициски службеник им подлегнал на повредите а уште еден негов колега е во сериозна состојба на скопските клиники по сообраќајната несреќа кај Гостивар во саботата вечерта.

Според информациите од МВР, несреќата се случила околи 19 часот кога двајцата полициски службеници од Гостивар обезбедувале место на коешто претходно се судриле две возила. Во нив удрил автомобил „форд форкус“ кој го управувал 31-годишниот Р.Ш. од кичевското село Грашница.