Во последниот натпревар од саботната програма од 20-то коло на англиското фудбалско првенство, Манчестер Јунајтед како гостин го совлада Барнли со 2:0.
Јунајтед до победата стаса со головите во завршниците на двете полувремиња. Првиот го постигна Мартиал во 44, а вториот Маркус Рашворд во петтата минута од судиското продолжение.
Во саботниот натпревар од 20-то коло на англиското фудбалско првенство последнопласираниот Норич на својот стадион одигре 2:2 со Тотенхем, кого го презема Жозе Мурињо.
Норич поведе во 18 минута со голот на Марио Вранчиќ. Израмнувањето на Спарс им го донесе Кристијан Ериксен во 55 минута од слободен удар, но домашните повторно дојдоа до водство во 61 минута, и тоа со автоголот на Серж Ориер. Тотенхем сепак успеа да ја избегне целосната бламажа, а стрелец за конечните 2:2 беше Хари Кејн од пенал во 83 минута.
Ова е прво реми на Тотенхем во Премиер лигата откако го презема Жозе Мурињо. Под негово водство Спарс забележаа пет победи и два пораза.
По двата последователни пораза, од Манчестер Сити со 1:3 и Ливепрул од 0:4, фудбалерите на Лестер на гости го победија Вест Хем со 2:1, иако во 12 минута не реализираа пенал. Шутот на Демараи Греј го одбрани голамнот Лукаш Фабиански. Лестер сепак поведе преку Келечи Ихеаначо во 40 минута, но пет минути подоцна израмни Пабло Форналс. Греј ја исправи грешката со промашениот пенал во 56 минута, кога погоди за победа на Лисиците.
Во недела се игра лондонското дерби Арсенал – Челзи, како и дуелите Ливепрул – Вулверхемптон и Манчестер Сити – Шефилд Јунајтед.