Киев и побунетите региони разменија над 200 заробеници

EPA-EFE/YEVGEN HONCHARENKO

Официјалните украински власти во Киев и одметнатите рускојазични региони на истокот од земјата во неделата извршија размена на затворениците со вкупно 200 лица на двете страни, што се смета за важен чекор кон деескалацијата на единствениот активен судар во Европа.

„Заврши реципрочната размена“, објави кабинетот на украинскиот претседател Владимир Зеленски на својата страница на Facebook и наведува дека во Украина се враќаат 76 лица.

Од друга страна, властите на самопрогласените републики во Донецк и во Луганск објавија дека примиле 61, односно 63 лице. Притоа, истакнуваат дека две девојки од Донцек не сакале да бидат предадени на украинската страна и решиле да останат таму поради нивното потекло. Од другата страна девет лица одбиле да се вратат во Луганск.

Претходно украинската влада и сепаратистите објавија дека ја почнуваат размената на заробениците по принципот „сите за сите“, кои беа спроведени во минатото, што значи дека сите преостанати заробиеници од петгодишниот судир ќе бидат вратени дома.

Договорот за оваа размена го постигнаа рускиот и украинскиот претседател на новниот состанок во Париз на почетокот од декември.

Досега имаше неколку размени на заробениците меѓу Киев и бунтовнциите. Во последната голема размена од декември 2017 година Укрраина врати 300 заробеници, а прими 70 своите борци.