Неколку загинати во престрелка на аеродромот на Филипините

Четири лица загинаа во престрелка на аеродромот во главниот град на Филипините, Манила. Едниот од загинатите е градоначалник од јужниот дел на земјата и неговата сопруга. Други четири лица се повредени.

Според полицијата, мажи качени на мотори пукале во луѓето на терминалот три. Повредените се однесени во блиската болница, каде што лекарите регистрираа смртта на четворица од нив. Еден од починатите е едногодишно дете.

Напаќачите успеале да избегаат.