Во тепачка меѓу затвореници на фудбалски меч 16 мртви

. (AP Photo/Oscar Baez)

Најмалку 16 осуденици се убиени а петмина се ранети, во затвор во централно Мексико на самиот крај од 2019 година, по кавга и тепачка поради фудбалски натпревар.

Ицидентот се случил во Регионалниот центар за социјална интеграција кој се наоѓа во градот Синегуила, во сојузната мексиканска држава Закатекас, за време на фудбалски меч меѓу членови на бандите на двата ривалски картеал Лос дел Голфо и Лос Зетас.

Според локалните медиуми, судирот избувнал по еден остар прекршок. Сепак, се оценува дека главниот мотив се минатите конфликти меѓу ривалските криминални групи кои често нетпреливоста и борбата за контрола на теренот ги префрлаат во пренатрупаните мексикански затвори.

Прво биле користени тупаници, а потоа осудениците користеле и ножеви и огнено оружје. Дел од жртвите настраделе од куршуми, додека други се избодени или препетани до смрт. Во масакрот нема настрадани од затворскиот персонал.

Секретарот за државна безбедност на Закатекас, Исмел Камрерос Ернандез, за локалните медиуми изјави дека властите заплениле четири пиштоли за кои се верува дека биле донесени во сојузниот затвор во Синегуила во текот на новогодишните посети во вторникот. Додал дека затворот бил претресуван детално во саботата и неделата, и оти не било пронајдено никакво оружје.

Започната е истрага за да се утврдат причините за тепачката и во прв ред за тоа како оружјето се нашло во затворот. Гувернерот на државата Закатекас, Алехандро Тељо, најави дека безбедноста во затворот ќе биде заострена.

Мексико има долга историја на смртоносни судири во затворите. Во октомври во сличен судир шестмина затвореници беа убиени во сојузната држава Морелос. Претходно во септември, во државата Нуево Леон беше затворен затворот Топо Чико кој ја имаше најлошата репутација, како место со најголемм број жртви во ваквите конфликти. Во февраури 2016 година во овој затвор во судар на две фракции на картелот Лос Зетас загинаа 49 затвореници.