Протести во Техеран по убиството на генерал од Иранската револуционерна гарда

Десетици илјади луѓе излегоа на улици во Техеран во знак на протест против американските „злосторства“, јавија западни медиуми, откако во американски напад беше убиен ирански генерал во Багдад.

Извикувајќи „Смрт за Америка“ и држејќи постери на убиениот командант, Касем Сулејмани, демонстранти излегоа на улици во Техеран по петочните молитви.

Командантот на елитната единица Револуционерна гарда Сулејмани е убиен при синоќешниот напад на американските сили врз аеродромот во Багдад.

Пентагон соопшти дека Сулејмани е убиен по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп.

Иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи и претседателот на Иран, Хасан Рохани ветија дека ќе ја одмаздат смртта на генералот.