Сончево со ниски утрински температури

Времето денеска ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури и со услови за утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура  се движи од минус еден до минус десет Целзиусови степени, а дневната температура ќе се движи од четири до 12 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со ниски утрински температури и со услови за утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура се движи околу минус четири степени, а дневната температура ќе достигне до осум степени.

Под влијание на студена воздушна маса во недела ќе има наоблачување со засилен северен ветер и повремени врнежи претежно од снег. Во почетокот на наредната седмица времето ќе биде стабилно и студено, во понеделник со засилен северен ветер