
Речиси 175.000 луѓе морале да ги напуштат своите домови во индонезиската престолнина Џакарта и блиските градоци, по новите поплави и одрони во кои смртно нстрадале најмалку 53 лица, во екјот од едни од најобилните врнежи откако ваквата појава се бележи, објавија властите во саботата.
Бројот на мртвите се искачи на 53, а едно лице се води како исчезнато, објавја од агенцијата за помош при природни катастрофи.
Според нивните податоци, 173.064 жители морало да бидат евакуирани во саботата, откако најсмртоносните поплави изминатите неколку години предизвикаа хаос во делови на најголемиот град во југоисточна Азја. Блокирани се железничките линии, а некои делови од Џакарта и предградијата останаа без електрична енергија.
Делови од Џакарта и блиските градови се поплавени по обилните врнежи кои започнаа на 31-ви декември.
Поплавите на почетокот од 2020 година се последица на „едни од најекстремните дождови“ од 1886 годинa, кога започнало бележењето на природните појави, објави Метеоролошката, климатолошка и геофизичка агенција (BMKG) во петокот.
Агенцијата додава дека климатските промени го зголемиле ризикот од екстремни временски прилики, и предупредува дека обилните врнежи би можеле да траат до средината на февруари, а врвот се очекува меѓу 11-ти и 15-ти јануари.