Шиитската милиција ги предупреди ирачките сили да се држат подалеку од објектите кои ги користат САД

Ирачката шиитска милиција Катаиб (Бригадата) Хезболах ги предупреди во саботата вечерта ирачките безбедносни сили од опасноста да престојуваат во радиус од еден километар од објектите кои ги користат американските трупи во земјата, пренесува агенцијата Reuters повикувајќи се на извештај на панарапската телевизија Al Mayadeen.

„Безбедносните сили мора да се држат најмалку еден километар од американските бази, почнувајќи од ноќта кон недела“, ја цитира агенцијата изјавата на шиитската милиција која беше дел од арапската ирачка коалиција Народни сили за мобилизација (PMU), во која дел е и шиитската доброволечка милиција ал-Хашед ал-Шааби, кои ја имаа клучната улога во теренските борби против ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава.

Во саботата вечерта во ирачката престолнина Багдад без извршени три ракетни напада, во ткн „Зелена зона“, утврден кварт во центарот на градот во кој се наоѓаат владините институции и странските дипломатски мисии. Еден проектил паднал во близина на амбасадата на САД. Вториот ракетен напад беше насочен кон елитниот станбен кварт ал-Џадрија, а третиот во областа на воената база „Балад“, 80 километри северно од Багдад, во која се распоредени американски трупи.

Ноќта кон петокот во американски воздушен напад во близина на меѓународниот аеродром во Багдад беа убиени команднатот на иранските специјални сили Ал Кудс, генералот Касем Сулејмани и заменикот командант на ирачката шиитска милициај Абу Махди ал-Мухандис, кои САД ги сметаат за одговорнои за организација на протестите уи обидот за упад во американската амбасада во Багдад на 31-ви декември, три дена откако во американски воздушен напад во бази на шиитската милиција во Ирак и Сирија беа убиени 25 нејзини борци. Вашингтон овој напад го оправда како одмазда за претходно ракетирање на базата кај Киркук во кој загина еден Американец.