Реми во градското дерби на Барцелона, Реал ја стаса Барса на врвот

Во градското дерби последнопласираниот на табелата Еспањол успеа на својот стадион во последните минути од мечот да израмни против Барселона, додека Реал на гости беше убедлив кај Хетафе. па двата великана се израмнија на врвот на Ла Лига со по 40 бодови.

Еспањол поведе со голот на Давид Лопез во 23 минута. Меѓутоа, во второто поливреме следеше пресврт за кој заслужен беше Луси Суарез кој прво погоди во 50 минута а потоа во 59-та за водство од 2:1 му асистираше на Артуро Видал. Во 75 минута Барса остана со играч помалку, откако втор жолт картон му беше покажан на Френки де Јонг, што за играчите на Епсањол беше потик да тргнат во целосна офанзива. И во 88 минута кинескиот играч Леи Ву, кој во игра влезе 14 минути претходно погоди за конечните 2:2.

Претходно во 19-то коло од шпанскиот шампионат Реал Мадрид со 3:0 го победи Хетафе. „Кралевите“ поведоа во 35 минтуа со автоголот на домашниот голман Давиод Сориа, на 2:0 зголеми Рафаел Варан во 53, а Лука Модриќ го постави конечниот резултат во шестата минута од судиското продолжение.

Валенсија со голот на Максимилиано Гомез во 27 минута го совлада претходно Еибар. Атлетико Мадрид со 2:1 беше подобар од Леванте, а сите голови беа постигнати во интервал во пет минути во првиот дел од првото полувреме. Домашните поведоа во 14 минута преку Кореа, две минути подоцна израмни Рожер, а Алтетико ги освои трите бода со погодокот на Фелипе во 19 минута.

Во недела се играат натпреварите Гранада – Мајорка, Реал Сосиедад – Виљареал, Алавес – Севилја и Селта – Осасуна.

Во водство се Барселона и Реал Мадрид со по 40 бодови, додека пет помалку имаат Атлетико Мадрид и Севилја.