Ѓоковиќ на Гулбис во полуфиналето на Ролан Гарос

Србинот Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртото едноподруго полуфинале на Ролан Гарос, откако во четврт финалето го совлада Канаѓанецот Милош Раониќ со 7:5,7:6,6:4.

Српскиот тенисер одигра совршен меч против високиот Канаѓанец со црногорско потекло, а во полуфиналето ќе ги одмери силите со Летонецот Ернест Гулбис.

Гулбис во второто четвртфинале го изненади Томаш Бердих со 6:3,6:2,6:4. Ова е прв пат Летонецот да се пласира во полуфиналето на еден гренслем турнир.

На женскиот дел од турнирот во полуфиналето ќе се сретнат Канаѓанката Емили Бушари и Русинката Марија Шарапова.