Во МВР има тарифа за држење кривични пријави во фиока?!

Во разузнавачко безбедносната заедница од која сум јас дел веќе долго време кружат информации дека дел од раководниот менаџмент на МВР ангажиран во криминалистичката полиција е директно во спрега со криминалните структури, ова денеска  во интервју за Алфа го истакна новиот технички министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

-Постојат неофицијални информации дека постои тарифа за држење кривични пријави во фиока, за уништување на средствата на кривично дело и за квалификување на потешки кривични дела во полесни кривични дела. Дополнително исто така постојат информации дека дел од тие раководни структури назначени од министерот Оливер Спасовски се директно инволвирани самите во криминални активности на начин што се наоѓаат на платен список на криминалните структури со фиксен  месечен надоместок со цел да издаваат информации за оперативни- технички ПИ мерки кон припадниците на криминалните структури и дополнително да издаваат информации кога министерот за внатрешни работи планира конкретни оперативни активности за нивно апсење, вели Чулев.