
Вчера во 13:20 часот на локалниот пат во село Доброшинци, струмичко, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода октавија“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В. А. (62) од село Пиперево, струмичко и патничко возило „фолксваген шаран“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е. М. (25) од село Градошорци, струмичко.
Во незгодата починал возачот В.А., додека Е.М. и А.А.(16), сопатничка во неговото возило се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во болницата во Струмица за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.