
Во Македонија се плаќаат најскапи патарини во регионот и истите се едни од најскапите во Европа, покажуваат последните истражувања.
Така, истражувањата покажуваат дека во Македонија за секои 10 поминати километри се плаќаат 0,75 евра. Тоа е и повеќе од двојно отколку во Србија каде на секои 10 поминати километри се плаќаат по 0,33 евра.
Хрватите за секои 10 поминати километри плаќаат по 0,64 евра додека во Босна и Херцеговина 0,54 евра.
Доколку возите на автопатиштата во Косово тогаш не треба да плаќате воопшто бидејќи таму сеуште не се воведени патарини. Истото важи и за во Црна Гора каде што нема патарини од проста причина што нема ни автопати.