Од источна Европа, преку Африка и централна Азија, повеќе од 300 милиони православни христијани го слават Божик по јулијанскиот календар.
Очекувано, синоќа најмасовно беше во Москва, каде верниците ги преплавија стотиците цркви во најголемата православна земја.
Во над 800 цркви само во главниот руски град, божикните ѕвона го означија раѓањето Христово.
Централната богослужба се одржа во катедралата Христос спасител, каде што божикна литургија одржа патријархот московски и серуски Кирил.
Величенственото божјо чудо и денеска ги исполнува нашите души со радост, рече патријархот во пораката до верниците. Во катедралата беше и рускиот премиер Дмитриј Медведев, а претседателот Путин присуствуваше на божикна литургија во црквата Свето Преображение во Санкт Петербург.