
Техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, во вторникот беше дел од традиционалната Божикна трпеза во организација на Повардарската епархија и Здружението на лица со церебрална парализа од Велес.
На овој голем ден кога православните верници го празнуваат Божик, имав чест да бидам дел од божикната трпеза во организација на Повардарската епархија и Здружението на лица со церебрална парализа од Велес.
Заслужуваат поголемо внимание од општеството. Тоа се луѓе херои, вистински херои…нивната среќа е најдрагоценото нешто што може да израдува.
Среќен Божиќ!, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.