
„Владата на СДСМ овие три години се занимава само со популистички и неефективни мерки. Мерката „Мој ДДВ“ е една од низата на популистички мерки без ефект за граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според опозициската партија, СДСМ во изминативе три години покажала само неспособност, некадарност и неработа. Ефектите се видливи. Економијата со владата на СДСМ тоне.
„Популизмот нема да го спречи падот на СДСМ. Доаѓа обнова“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.